Африм Муча, претседател на независниот синдикат на возачите во ЈСП Скопје на денешната прес-конференција најави дека утре рано наутро заедно со семејствата ќе протестираат пред седиштето на ЈСП, ако денеска не им биде исплатена септемвриската плата, а автобусите нема да возат.
Утре се договоривме да дојдеме со семејствата во 4.30 часот сабајле. Градоначалничката и Градот Скопје земаа плата, тие се со полни стомаци, ние сме гладни. Денеска е 19ти, кога ќе добиеме плата, кога ќе јадеме? И ние имаме деца како што таа има деца и како што директорот има деца, рече Муча.
Тој додаде дека не знае кој го организира денешниот протест пред Влада и нагласи дека криви за тоа што се уште немаат земено плата се Арсовска и директорот на ЈСП.
Претседателот на Независниот возачки синдикат на ЈСП, Африм Муча кажа дека добивал вербални закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски.
Муча кажа дека Стојковски го обвинил дека тој е виновен за инцидентот со дојавата за бомба во автобус на ЈСП.
Дојдовме во 7.30 часот заедно со колегите по дојавата за бомба. Само што стасав, имав инцидент со директорот Александар, кој ме обвини дека сум бомбаш. Утре ќе му поднесам пријава“, кажа Муча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.