За првпат од своето постоење, општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши 0 денари за репрезентација и патни трошоци.

За споредба, во 2021 година, до почетокот на мандатот на градоначалникот Тимчо Муцунски за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари.

Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на Општината. Единствениот начин да инвестираме и да чекориме напред, е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии и немаат никаков директен бенефит за аеродромци, посочуваат од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.