Ученик од второ одделение во основно училиште во скопската населба Аеродром агресивно се однесува, па дури и физички ги повредува соучениците, а пред некое време ѝ ги соблекол панталоните и долната облека на соученичка додека миела раце во тоалетот. Родителите со кои зборуваше МКД.мк и чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата велат дека децата ги праќаат во училиште, а не на фронт. Тие бараат да се реши ситуацијата, која трае повеќе од една година, но состојбата не се менува.
Деновиве, како што тврдат родителите, проблематичниот ученик не оди на училиште, но никој не им кажува дали е можеби префрлен во друго училиште или која е причината за неговото отсуство.
Училиштето знае за ова однесување на второодделенецот бидејќи родителите испраќале писмени дописи до директорката за преместување на нивните деца во друго одделение или за испишување на агресивниот ученик. До сега од овој клас и училиште самоиницијативно се отпишале дури седум ученици.
Стручни служби од училиштето присуствувале на час и седеле за да го набљудуваат однесувањето на детето, но додека било со придружба однесувањето на детето било во ред.
Што се случува, зошто детето отсуствува подолго и дали повторно ќе се врати во училишните клупи, никој во одделението не знае.
Целата сторија на МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.