Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативната Синдикална организација на Град Скопје, потпиша измени на Колективниот договор на ниво на работодавач Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.

Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.

Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата за 2800 денари на сите административни службеници, на вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО освен за оние вработени во Град Скопје чие зголемување на плати веќе беше направено со зголемување на минималната плата.

Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема се што е во рамки на нашите можности, имајќи во предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, истакна Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.