Граѓаните на Карпош со месеци не добиваат пошта и поштенски пратки.

Два месеци немам земено пензија затоа што ми бил испратен документ кој треба да го пополнам и да го вратам, но не ми е доставен на адреса затоа што немало поштар. Тоа го дознав откако денеска отидов во пошта да проверам – вели една пензионерка од Карпош.

Освен физичките лица, проблем имаат и фирмите

Не стигаат фактури, никој не не известил дека има проблем со достава. Со дел од фирмите со кои често работиме контактираме и истите ги земаме лично, но од некои фирми не добиваме воопшто и се создава проблем – велат од фирма во Карпош.

Причината е што нема поштар, им било кажано во главната пошта во оваа скопска општина. Токму недостигот на поштари на пауза ја ставил доставата на пошта, пратки и се она што како достава било достапно од страна на поштенската служба на АД Македонски пошти.

„Република“ побара одговор од пошта, кога ќе биде надминат проблемот со недостигот на поштари, со кој се соочуваат и жители на други скопски општини, но засега одговор нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.