Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека со ЈСП Скопје е договорено да се стави во функција ноќна линија од Транспортен центар до Мралино, којашто ќе вози преку викенд, а автобусите на оваа линија ќе тргнуваат 15 минути по полноќ.

Со задоволство можам да најавам дека од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до н.м. Мралино во деновите сабота и недела во терминот 00.15 часот.

 

Ова го договорив на средба со директорот на ЈСП-Скопје, Иван Илиевски, каде покрај ноќната линија, разговаравме и за зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на цела територија на општина Илинден.

 

Ветувам дека ќе продолжам да работам на зголемување на бројот на линии и автобуски постојки, со што ќе се обезбедиме поквалитетен и поефикасен јавен градски превоз за жителите на Општината – информира градоначалникот Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.