Откако била повикана на службен разговор во полициска станица, 36-годишната Ивана А., признала дека лажно се претставувала и по ресторани и кафеани си нарачувала во име на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот, Александар Стојкоски.

На 16.12.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје.

 

Таа се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината.

 

Во разговорот таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.