Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со Бул. „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.
Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, соопштија од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.