Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош по вчерашната изјава на министерот за образование и наука Јетон Шакири дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ „Његош“, како и индиректната најава за разрешување на директорката, оддржа итен состанок на кој се донесоа следните заклучоци:

1.    Од денес 15.11.2023 година (среда) започнува целосен бојкот на наставата!

2.    Во сабота 18.11.2023 година организираме голем граѓански протест со кој ќе го блокираме регионалниот пат во Јурумлери на клучката кон Драчево од 11:00 до 12:00 часот, соопштија родителите.

Тие потенцираат дека вчерашната изјава на министерот за образование Јетон Шакири ја сметаат за тенденциозна и истата оди во насока на создавање на нови проблеми.

Министерот за образование и наука Јетон Шакири си поигрува со нас и нашите деца. Ние како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат експрименти во рацете на Шакири. Изразуваме целосна поддршка за директорката на ООУ „Његош“ Анита Цветкова која постапува согласно Законот и во нашето училиште за краток период реализираше проекти кои не биле реализирани години наназад. Апелираме Министерот Јетон Шакири да се вразуми! Бараме реакција од премиерот Димитар Ковачевски да не молчи и да застане на страна на родителите! Во сабота го блокираме регионалниот пат, идната недела автопатот, а потоа одиме со шатори пред Министерството за образование и наука на 24 часовна блокада! Нашите деца не се експрименти!, порачаа родителите. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.