Жена во Босна и Херцеговина (БиХ) e осудена на две години затвор за обид за убиство на шефицата, oткако ѝ ставила отров во кафето.

Нина Нинковиќ (58) од Бања Лука е прогласена за виновна и осудена на две години затвор во првостепената постапка за обид за убиство на колешката и шефица Слаѓана Танасиќ во 2022 година, откако во кафето ѝ ставила отровна супстанца која може да предизвика смрт. Нинковиќ и Танасиќ работеле во Педагошкиот институт на Република Српска.

Обвинителството бара построга казна за Нинковиќ. Како што објави Н1 БиХ, на жалбеното рочиште пред Врховниот суд на Република Српска, одбраната побарала да се укине првостепената пресуда на Нинковиќ и да се врати предметот на ново судење или да се смени пресудата затоа што тврдат дека не се работи за кривично дело кое се води против неа.

Судијката изјавил дека делото го сторила со можна умисла, како и дека е утврдено оти концентрацијата на отровни материи што 58-годишната жена ги истурила во кафето не можела да предизвика смрт и дека се работи за неподобен обид за убиство, пишува Н1 БиХ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.