Уставниот суд денеска одржа седница на чиј дневен ред се најдоа осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Судот одлучи да го укине членот 44 став 2 од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“.

Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, станува збор за одредба која опфаќа користење на надоместок заради попреченост.

Согласно содржината на членот, се работи за надоместок кој може да го оствари лице со тешка или длабока интелектуална попреченост со најтешка телесна попреченост, потополно слепо или глуво лице. Законот предвидува дека овие категории на лица можат да го остварат правото со навршени 26 години и најдоцна до 65 годишна возраст. Судот одлучи да ја укине оваа оспорена одредба бидејќи со неа е повреден уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред уставот независно од личните својства и карактеритики на граѓаните. Оваа одредба е во спротивнопст со владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, а е опфатена во членот 8 од Уставот, информира Беловска.

Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година. Оваа времена мерка, како што појасни Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.