Цели семејства се под урнатините. Жално е што не можеме да извадиме барем еден преживеан. Надежда дека некој е жив веќе е многу мала. Слушаме дека се пронајдени живи и по три дена затрупани, но онаму каде што сме ние, нема таков глас. Ние ќе вадиме мртви, раскажува за порталот „Досие“ спасувачот доброволец Артан Демири.
Демири е еден од четворица членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрами Мифтари“, кои пристигнаа во турскиот град Адијаман на хуманитарна мисија по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој, според последните податоци, загинаа над 22 илјади лица.
Глетката е ужасна. Секаде срушени згради, куп бетон и арматури. Се слушаат багери и луѓе кои бараат помош. Ние работиме на расчистување на урната зграда. Нема преживеани, а она што го видовме е страшно. Телата на загинатите се едно врз друго на куп. Зградата се срушила вертикално. Никој не успеал да се спаси. Според локалното население само во оваа зграда има 60 загинати, вели за „Досие“ Демири.
Извор и фото Досие
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.