Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека ветувањата се реализираат и дека решиле децениски проблем.

-Селото Кучково конечно добива водоснабдување согласно потребите на жителите. Ставен е во функција системот за водоснабдување. На денот кога го славиме Свети Георгиј Победоносец, заштитник на манастирот во селото, селото добива вода. За многу години! Кучково конечно добива услови според стандарди. Годинава завршени се големи инфраструктурни чекори во ова населено место, напиша на Фејсбук, Стојкоски.

Инаку, Кучково доби мапирани велосипедска и пешачка патека, нова урбана опрема, а партерно беше уреден локалитетот Крст.

Стојкоски најави дека продолжуваат во насока на реализација квалитетни проекти кои ќе го подобрат животот на жителите на Ѓорче Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.