Вековна македонска традиција со желби за бериќетна и плодна година за род на грозјето!, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Го закроивме лозјето близу црквата Св.„Трифун“ во село Кучково по повод истоимениот празник кој за жителите на ова село е значаен ден, особено за градинарите и лозарите.

На чинот му претходеше литургија во црквата. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник.

Нека биде плодна годината. За многу години денот!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.