Утре започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, зафатот ќе опфати поставување на нов горен и долен слој на асфалт, водоводна и атмосферска канализациона мрежа, нови тротоари и рабници, а ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата. „Ленинова“ ќе добие и нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување по цела должина на потегот.

Со оваа реконструкција им излегуваме во пресрет на жителите, кои на крајот ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност, соопшти тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.