Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со инспекциските служби на општина Гази Баба од утрово беа на терен во еколошка патрола низ општина Гази Баба.

За акцијата градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Утрово заедно со инспекциските служби сум на терен на критичните места во кои се врши одлагање на отпад на јавни површини. Изминатиот период, општина Гази Баба преку ЈКП Гази Баба исчисти над 40 диви депонии. Компромис со заштитата на животната средина нема да има. Ќе се санкционираат сите несовесни граѓани кои ќе вршат одлагање на отпад на јавни површини, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.