Ист Гејт Мол овој викенд го започна со посакување на вистинско музичко добредојде на своите посетители, со организација на несекојдневна забава, а доказ за истото е што денес сите патишта водат до најголемиот шопинг центар во градот. Во Ист Гејт Мол денес се оддржа најзабавниот музички концерт на планетата, а истиот несомено привлече масовна бројка на фанови и деца со своите семејства, кои во еден глас ги пееја најголемите хитови на ДАЈТЕ МУЗИКА.

Оваа сабота, малите и големи старомаалци, оригинални како и секогаш, со изведба на популарните и омилени песни на многумина, како и еден од најголемите хитови, „Green Forces“, – направија неверојатна забавна атмосфера во Ист Гејт Мол во која уживаа присутните.

На најпосетениот музички концерт досега во Ист Гејт Мол, во отворениот надворешен дел во склоп на најголемиот шопинг центар од европски ранг во регионот, – сите деца, од најмали до најголеми, беа центарот на забавата приредена од ѕвездите на Дајте Музика, а секое детенце со своето присуство и насмевки искрено ја покажа својата љубов кон музиката и забавата.

Од своето отворање, фокусот на Ист Гејт Мол продолжува да биде насочен кон постојано овозможување на несекојдневни, интерактивни и забавни содржини за сите возрасти на 5 нивоа, покрај континуираната и разнолика палета на богата шопинг понуда во склоп на 250те продавници во шопинг центарот кои се секојдневно отворени за своите посетители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.