Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, од почетокот на нејзиниот мандат покажа дека ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните за време на предизборната кампања.

Еден пример за исполнување на ветеното е враќањето на ноќните линии на авотобусите на ЈСП.

Арсовска о предизборието вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе се вратат во сообраќај редовни ноќни линии на ЈСП, особено за време на викендот.

На 28 декември 2021 година, од ЈСП објави официјално соопштение во кое информираа дека од тој датум во функција се враќаат ноќните линии.

Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека од денеска, вторник (28.12.2021 год) почнуваат да функционираат ноќните линии и тоа: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на градот пред две години. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65В, ќе сообраќаат секој ден, а останатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците – објавија од ЈСП Скопје.

Прегледот на возниот ред и трасите на линиите е достапен и на веб-страницата ЈСП, во делот Возен ред/ ноќни линии.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.