Велимир Смилевски и СДСМ денес зборуваат за се , само не за суштинското нешто. Јавноста треба да знае како се манипулирало со тендерите во општина Бутел. Како тоа кабелот NAYY – A 4x16mm2 (1kV) чини 380,86 денари по метар, а подебелиот кабел од типот NAYY –A 4x35mm2 чини 1.81 денар- разлика во цена 210 пати, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Или како тоа четири метарски столб чини 9975,02 денари по парче, а исти такви топлопоцинкувани столбови во висина од 5 метри и 8 метри чинат само 1,81 денар- разлика во цена 5.500 пати?!

Или пак како светилка за натриумова цеваста сијалица со снага од 70 вати чини 10881,84 денари, а исти такви од 150 и 250 вати чинат 1,81 денар- разлика во цена 6000 пати?!

Или пак, натриумова 70 ватна сијалица чини 1142,59 денари, а истите светилки од 150 и 250 вати чинат по 1,81 денар. Разликата во цената е од 630 пати.

Тоа што Смилески и СДСМ зборуваат за се само не за овие прашања, јасно кажува дека тендерите биле местени како одредена фирма да добие најниска понуда. Односно методот бил следен, наброј во спецификација 9 производи кои немаш намера да ги набавуваш и тие фирмата ќе ги понуди за два денари, а тие неколку кои си сигурен дека ќе ги набавуваш се проценуваат како да се суво злато.

Ете ова е криминал и начин за испумпување на народни пари во приватни џебови и ако не беа под партиска контрола на СДСМ, Јавното обвинителство и Финансиска полиција уште денес ќе почнеа да го истражуваат случајот“, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.