Маглата, студеното време, греењето – сето тоа и годинава повторно придонесе воздухот да се „преполни“ со честички штетни за човековото здравје. Во Скопје деновиве тешко се дише, а загаденоста на воздухот повторно го вброи главниот град на неславната листа на најзагадени градови на светот, која ја објавува порталот Iqair.com.

Денеска Скопје е рангиран на 7-мото место во светот, после Делхи и Калкута во Индија, Лахор и Карачи во Пакистан, после Дака во Бангладеш и Ханој во Кина. Во однос на загаденоста на градовите во Европа, Скопје е лидер, а веднаш зад него е Сараево.

Во објавата на порталот се предупредува дека воздухот во Скопје е нездрав и се препорачува да се затворат прозорците, да не се спрортува на отворено, да се носат заштитни маски и во домовите да се користат прочистувачи на воздухот. Моментално, концентрација на на ПМ2,5 честички во воздухот е 74.8 µg/m³ којашто, како што се наведува на порталот, е за 15 пати поголема од годишната вредност во Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Денеска во воздухот Скопје дишеме 95.8 µg/m³ ПМ 10 честички, што е двапати повеќе од дозволеното.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.