Eксминистерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес-конференцијата na министерот за економија Крешник Бектеши, кој се пофали дека успеал да нејаде решение за деценискиот проблем со неплаќање струја во Араичново.
Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други, пишува зајадливо Хајредини на социјалните мрежи.
Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а и дека полицијата ќе постапува по однос на кражбите на струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.