Од иницијативата „Шанса за Центар“ се обраќаат со прашања до партијата Левица.

Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали по битка глумат јунаци.

Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па потоа да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат од „Шанса за Центар“ во својата објава.

Од Иницијативата порачуваат дека оној кој има дилема, треба да ја изгледа видеоснимката од било која седница на Советоит или продолжението на 27-та седница каде што се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска.

Инаку, од Левица велат дека документи до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска“, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.