Како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово едно лице се фрлило во водите на реката Вардар.

„Во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се ферлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар“, информираат од ЦУК.

На лице место се екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување. Ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.

Повеќе информации ќе има во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.