ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки афери, поднесува пријави со една цел – да се обиде да го прикрие неработењето на градоначалничката Данела Арсовска, реагира СДСМ откако од Град Скопје соопштија дека поднеле кривична пријава против ексградоначалникот Петре Шилегов и поранешната претседателка на Советот, Љубица Јанчева.

Три месеци од мандатот потроши Арсовска и не спроведе ниту еден единствен свој проект, освен што нивелираше некоја шахта и што ја партизираше градската администрација. Тоа го гледаат и граѓаните, тоа им е јасно на сите, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја правдаат Арсовска и преку конструкции и измислици се обидуваат да го прикријат нејзиното неработење и дејствување на штета на градот и граѓаните, велат од СДСМ.

Од Град Скопје претходно соопштија дека кривичната ја поднеле за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со организирање предновогодишна прослава во 2019. Оттаму тврдат дека за прославата не бил склучен договор за јавна набавка, како и дека во тој период Градот веќе имал склучено договори со други фирми за угостителски услуги, меѓу кои не била и кафеаната каде била организирана прославата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.