Првите 100 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се 100 дена на неработа, неспособност и оправдувања, велат од СДСМ

100 дена мандат на Арсовска, се 100 разочарувања за скопјани.

Иако наследи готови проекти, кои се важни за развојот на градот, Арсовска реши истите да ги прекине на штета на граѓаните.

Арсовска се откажа од 70 милиони евра и го прекина проектот Бас рапид транзит, најважниот проект за трансформација на јавниот превоз.

Да работеше Арсовска наместо да бараше оправдувања, досега ќе го довршеше мостот на булевар АСНОМ, а мостот на „Љубљанска“ ќе беше при крај. Ако Арсовска работеше, ќе беше завршена и реконструкцијата на Универзална сала.

Сите овие проекти Арсовска ги наследи со готови решенија и со обебзедени средства за реализација.

Во време на криза со топлинска енергија, Арсовска се сокри од јавноста и се прогласи ненадлежна за проблемите со парно греење. Владата предводена од СДСМ го реши овој проблем додека Арсовска ги игнорираше барањата на граѓаните.

Но кризата не ја спречи Арсовска годинава да потроши 670.000 евра за вработувања на 109 кадри на нејзината ВМРО-ДПМНЕ и целосно да ги партизира јавните претпријатија.

Излажа дека се исчистени 150 депонии, а во секоја скопска општина се уште има неисчистени депонии и секојдневно никнуваат нови.

Неколку нивелирани шахти и поставување мобилни тоалети, тоа е учинокот на Арсовска во првите 100 дена од мандатот.

Првите 100 дена покажуваат дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.

Арсовска ја изигра довербата на скопјани, наместо за интересите на градот, работи исклучиво за сопствени и партиски интереси – се наведува во соопштение на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.