Паркот на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче добива ново хортикултурно уредување, а изминатите денови беа поставени и нови павилјони, дрвени клупи и маси за релаксација на сите генерации, куќичка и други рекреативни елементи за забава на децата, како и корпи за отпадоци за чиста околина, соопшти Општина Аеродром.

Станува збор за еден од најголемите паркови во главниот град кој го уредуваме заеднички со градските служби, а во наредниот период во негова непосредна близина е најавена изградба на нов мега-парк што ќе зафати површина од 100.000 м2.

Во изминатите неколку месеци, службите на Општината учествуваа во бројни акции, при што во овој парк беа засадени стотина садници, велат од Општината.

Новото уредување го спроведоа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, со кои Општина Аеродром има воспоставено одлична соработка која ќе продолжи со ист интензитет за зазеленување на Аеродром и Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.