Во тек се бесплатни офталмолошки прегледи кај 522 деца од најголемите групи во сите три
градинки во Центар. Општината и болницата Санте Плус Хоспитал Груп имаат потпишано
Меморандум за соработка минатата година но истиот се надоградува, со тоа што прегледите за
децата наместо во болница, се извршуваат во градинките. По овој повод градоначалникот на
Општина Центар Горан Герасимовски оствари средба со Билал Кара, директорот на болницата
Санте Плус Хоспитал Груп.

Санте Плус Хоспитал Груп ја препозна потребата нашите идни првачиња да ги прегледа во градинките односно во средина на која се веќе прилагодени и им е блиска и навистина им
благодарам за тоа. Со овие бесплатни прегледи дечињата добиваат ран скрининг и детекција на оштетување на видот кој значително може да го помогне третманот доколку е потребен. Покрај прегледите на очињата нашите идни првачиња ќе добијат и потврди за упис во основните училишта, изјави Герасимовски.

Бесплатните офталмолошки прегледи започнаа вчера во градинката „13 Ноември“, а следуваат во градинките „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Кочо Рацин“.

Општина Центар е прва и единствена општина која обезбедува офталмолошки прегледи за децата во градинките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.