Половина Скопје сред зима е без парно греење, а Владата не презема ништо. Веќе неколку дена половина од населбите во Скопје или немаат парно греење или имаат со многу слаба топлина. И додека народот смрзнува, владата не презема ништо, туку се оградува и префрла одговорност кај фирми и општини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека градот Скопје и општините, не се ниту Регулаторна комисија за енергетика, ниту снабдувачи со топлинска енергија, ниту увозник на гас а дека владата е таа која има надлежност и може да преговаеа со сите овие чинители.

– Кога сите земји во светот преговараа за ефтино снабдување со гас Заев го инсталираше пиунот Ковачевски, и немаше кој да се грижи за снабдувањето со гас. Тоа предизвика и поскапување и недостаток. Владата е виновна зошто навреме не обезбеди енергетсла сигурност за државата. 5 години еден метар гасовод не е поставен. Владата да не бега од одговорност и да отпочне со решавање на проблемот, се посочува во партиското соопштение.

Тие додаваат дека поскапувањето на парното и на струјата е проблем создаден од владата, не е ниту од град Скопје, ниту од општините, а уште помалку од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.