Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања, потенцираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој на повик на граѓаните се приклучи на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда, кои бараат да се вратат на старото греење откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.

Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците‼️
Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда‼️, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.