Скопјани останаа без парно деноввие. Се погласни се корисниците на БЕГ дека нините радијатори се ладни, а становите ги греат со клима уреди или греалки,

-Вчера немавме парно од 18 часот па до 10 утринава. Радијаторите беа ладни. После 10 беа млаки, колку да се рече дека има. Ова вака е веќе 2-3 дена. Има ли надлежен ова да го санкционира – се жали жителка на Центар, кај Градска болница.

Таа не е единствената која на социјалните мрежи го искажува својот револт од ладните радијатори.

-Вчера радијаторите беа ептен млаки. Вечерта, веќе во 7 часот беа ладни. Утрово повторно ладни. Се јавивме да пријавиме, секако да оставиме порака, зошто никој не сака да разговара. После половина час се смлачија. Не беа топли радијаторите, само млаки. Тоа траеше два часа, за повторно да имаме ладни радијатори. Со две мали деца дома седиме со клима во една просторија, греалка во соба кај што спијат. Не смеам ни да помислам дете да избањам – коментира жителка од Центар, кај Зелен Пазар.

Парно нема и во другите населби. На ладни радијатори се жалат и Карпош и Аеродром.

-Официјално бег го исклучи парното во Аеродром – гласи статусот на една корисничка на социјалните мрежи, објавен некаде околу 15 часот и 30 минути.

Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија, можe да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Во исто време, снабдувачот е должен да ја прилгоди температурата ако има поплаки од управител, односно од заедница на сопственици, и барање за повисока температура од минимум пропишаната .

„Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот. Дополнително, согласно член 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, управителот, односно заедницата на сопственици, поднесува писмено барање до снабдувачот за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место. Снабдувачот е должен да постапи по барањето за температурниот режим на објектот кои што се доставено од страна на управителот, односно заедницата на сопственици. По поплаките до снабдувачите, мора екипи од снабдувачот да излезат на терен и да ја проверат фактичката состојба на терен. Потрошувачите не постојат за да ги финасираат снабдувачите, туку за да платат услуга која треба да им биде обезбедена“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

На ова реагираше Мирјана Најчевска која посочи дека нема што Регулаторна да ги повикува грашаните, туку има законско право самостојно да настапува.

1.Нема што Регулаторната комисија да ги повикува граѓаните да поднесуваат претставки. Според Законот за енергетика: Регулаторната комисија за енергетика како правно лице има правна способност самостојно да настапува во правниот промет, особено кога склучува договори, поведува или е страна во правни постапки.
Значи, ваквиот повик е замајување на јавноста.

2. Задача на Регулаторната комисија е: “заштита на потрошувачите и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија и достигнување на високи стандарди во исполнување на обврската на јавната и/или универзалната услуга во снабдувањето со електрична енергија, природен гас и топлинска енергија и придонесување во заштитата на ранливите потрошувачи.
Значи, секое префрлање на обврските врз граѓаните значи дека тие кои се дебело платени за вршење на оваа функција не ја вршат.

3. Според Законот за енергетика: Ако при следењето на состојбите и функционирањето на пазарите на енергија во согласност со членот 25 од овој закон, Регулаторната комисија за енергетика утврди неправилност, донесува одлука со која се наложува преземање на соодветни задолжителни мерки, вклучително и забрана на конкретното однесување на вршител на енергетска дејност, со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, ефикасно, конкурентно и недискриминаторно функционирање на пазарите на енергија, како и заштитата на правата на потрошувачите и корисниците на енергетските системи. Во одлуката се наведуваат мерките коишто треба да бидат преземени од страна на вршителот на енергетска дејност, како и роковите во кои треба да бидат преземени овие мерки и обврската за доставување на извештаи за преземените мерки.

Значи, задача на Регулаторна и нејзините дебело платени варботени е да ги заштитат граѓаните.
Институциите вредат толку колку што вредат луѓето во нив.
Регулаторната комисија во моментов е една од најскапо платените комисии со вредност нула.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.