Во Скопје ќе се одржи најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), оваа година со планот за пошумување предвидено е пошумување во 19 региони со засадување на 1.200.000 садници. Акцијата ја спроведува МЗШВ заедно со ЈП „Национални шуми“ во соработка со општествено одговорни компании и граѓански здруженија.

На најавната прес-конференција свои излагања ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на Факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски, како и пртставници на партнерските општествено одговорни комапнии и граѓански организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.