Во тек се последните подготовки за пуштање во употреба на градинката во Волково, соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Објектот изработен по светски стандарди ќе згрижи над 150 дечиња од Ѓорче Петров поделени во 7 групи. Вкупната површина е 1.558,86 м2, а површината на дворот, е 6.161 м2. Свеченото отворање е на 16-ти февруари, соопшти Стојкоски, споделувајќи фотографии од објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.