Град Скопје донесе одлука за ослободување од надоместок за изградба на нова детска градинка во Бутел
На 13. седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел.
Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова градинка во населбата Бутел 1 во Скопје, со цел изградба на нова градинка која е од јавен интерес и од исклучителна важност за граѓаните на овој дел од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.