Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе воведе автобуска линија Радуша – Сарај по барање на околните жители, најави директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, на седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања.

Оваа линија се воведува по анализа на ЈСП која е во завршна фаза и се очекува значително да ја подобри поврзаноста на населбата Радуша со Сарај, а жителите од Радуша ќе имаат редовен превоз.

Директорот Стојковски на денешната седница истакна дека нема доцнење на редовните автобуски линии за општина Сарај и дека станува збор за редовна пракса на возење по летен возен ред со намален број линии – соопшти Град Скопје.

Советот на Град Скопје на денешната 13-та седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две дополнителни редовни автобуски линии – 29 и 50А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.