ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје објавија отворен јавен повик за учество на осумнаесетото  издание на културниот настан „Бела ноќ 2022“ .

Овогодишното издание на “Бела ноќ“ ќе се одржи на 1 октомври на повеќе централни локации низ градот Скопје.

Повикот е отворен за сите уметници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

На повикот може да се пријават уметници од најразлични области, односно визуелни уметности: ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт и стрип, применети уметности: aрхитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации, музика, филм, театар, јавна уметност и урбани изведби и перформанси.

Организаторите посочуваат дека селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се по квалитетот, иновацијата и оригиналноста на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.

Настанот „Бела ноќ“ секоја година се фокусира на активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, со цел да се зајакне креативниот потенцијал на градот и да се заинтригира јавноста.

На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:
▪ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)
▪ ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)
▪ МУЗИКА
▪ ФИЛМ
▪ ТЕАТАР
▪ ЈАВНА УМЕТНОСТ
▪ УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ
Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.
За учество во „БЕЛА НОЌ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:
▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација
▪ Финансиска конструкција на проектот
За подетални информации за Јавниот повик :Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) http://univerzalna.com.mk/belanok,
[email protected] или на телефонскиот број 02 32 45 615.
Крајниот рок на аплицирање е 25.07.2022

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.