Општина Аеродром денеска беше наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето, а на денешниот настан наградата ја прими градоначалникот Тимчо Муцунски.

Оваа награда ја доделува Советот на Европа, преку Европската организација за локална демократија АЛДА и со себе го носи престижниот сертификат ElоGe (Еuropean Label of Governance Excellence) што всушност е доказ дека Општина Аеродром покажала високо ниво на демократско владеење преку прифаќање на 12-те начела за добро демократско управување усвоени од страна на Советот на Европа – информираат од Општината.

Преку оваа награда, велат од Општината, се потврдува дека Општина Аеродром работи транспарентно, ефикасно, иновативно и е отворена за воведување позитивни промени со што се доближува до граѓаните и од ден на ден сѐ повеќе ја добива нивната доверба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.