По објавеното соопштение на Општинската организација на СДСМ во Аеродром, во кое тие известија за појава на змии низ урбаните делови, од општина Аеродром се огласија и ги демантираа овие тврдења.

„Конечно, по четири години, општина Аеродром се движи во вистинска насока. Општината е во континутиран раст и развој, а објавување слики од змии, кои веројатно се преземени, не можат да ја сменат оваа реалност. Кревањето паника и манипулирање на јавноста со сериозна доза на сензитивност предизвикува загриженост кај нас, бидејќи е лиферувана од сериозен политички субјект.

СДСМ Аеродром, наместо да се занимава со лажни вести, многу поважно е овој понеделник да го поддржи ребаланост на буџетот кој предвидува нов парк од 6000 м2 во Реонски центар на местото каде што се избришаа градежни маркици, нов плоштад зад Капитол мол, проектирање две нови градинки, сеопфатен социо-финаниски пакет за најранливите категории граѓани, нови детски и спортски игралишта и ред други проекти, и така да покажат грижа за граѓаните.

Грижата за граѓаните се покажува со работа, проекти и инвестиции, а не со сензационализам и лажни вести. Лажните вести, монтираните фотографии, лажната паника и занимавањето со лажни змии се груба манипулација со јавноста и уште еден доказ за депресивната реалност, која, за жал, долго време е присутна во редовите на СДСМ.

Веројатно змијата е најдобра асоцијација за лефтерноста во која се наоѓа оваа партија и која, за жал, ја чувствуваат сите граѓани на Македонија“, стои во демантот на општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.