Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?

 

Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром. Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.

 

Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани, велат од владејачката партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.