💡 Општина Центар започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија.
Од вечерва ќе се гаси секоја втора светилка на уличното осветлување, со што ќе се зголеми заштедата на електрична енергија, а ќе се води и сметка за тоа да не се наруши нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во Општина Центар, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски преку социјалните мрежи.
Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и мораме одговорно да се однесуваме кон потрошувачката на електрична енергија, потсетува тој.
Во наредните денови општината ќе ги соопшти и останатите мерки со кои ќе ја намали на потрошувачката на струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.