Новите градинки, училишта и улици во општина Аеродром се новата реалност. Со Тимчо Муцунски општина Аеродром ја напушти калта во која СДС ја остави.

Зелената обврзница е за реализација на проекти, како нови градинки, улици и други инвестиции кои носат промени и подобар живот.

И покрај опструкциите на СДС и Левица како на централно ниво, така и преку советот општина Аеродром се развива и ќе се развива. Очигледно на СДС и Левица им пречат промените, затоа што со промените кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ и проектите кои се направени се гледа разликата во однос на СДС и Левица, коалиција која и на централно ниво донесе само сиромаштија, криминал и корупција.

СДС и нивниот коалициски партнер Левица неуспешно се обидоа да го закочат развојот на Аеродром, исто како што не успешно се обидуваат да го закочат развојот на голем број други општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат посветени на промените, на реализација на проекти и дела, потребни се и промени на централно ниво за да може во уште позасилено темпо да се развиваат сите општини без опструкции од владата, но и Македонија во целост, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.