Во текот на денешниот ден, новоназначениот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз, официјално ја презема функцијата од досегашниот директор Абдусамед Шабани.
Енуз и Шабани разговараа за активностите поврзани со собирањето и транспортот на комуналниот отпад и предизвиците при раководењето со едно од најголемите јавни претпријатија коешто е од витално значење за функционирањето на градот Скопје.

Зухди Енуз е дипломиран правник, а досега бил активен во приватниот деловен сектор како менаџер на повеќе компании.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.