Подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани на територија на општина Бутел и проектите кои ги реализиравме и се во тек се проекти од кои ќе имаат сите граѓани бенефит без разлика на националната припадност, изјави д-р Игор Николов.

Тој потенцира дека при носењето одлуки во општина Бутел, исклучиво се водат од потребата да се придонесе за доброто на граѓаните кои се жители на општината.

Токму показател за ова се денешните одлуки на денешната седницата на Совет на општина Бутел за финансиска поддршка за издавање на монографија на г-дин Бајруш Мјаку кој е наш истакнат режисер и глумец и кој живее во нашата општина.

 

Исто така донесовме одлука за финансиска поддршка за врвни спортисти меѓу кои и Марио Мицковски, дете спортски талент кој донесе три медали од специјалната Олимпијада за лица со попреченост.

 

Продолжуваме цврсто и одлучно со грижата подеднакво за сите наши сограѓани кои живеат на територија на општина Бутел, вели д-р Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.