Во вечерашното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој истакна дека градоначалничката Арсовска потребно е да најде решение со превозниците и да не прави политика од тоа.

„Скопјани и сите кои го користат Јавниот превоз во Град Скопје заслужуваат брз и ефикасен јавен превоз и нив не ги интересира што се случува помеѓу различни превозници и градот. Тоа е работа која треба да ја реши градот“, рече Николоски.

Николоски потенцираше дека сите кои користат јавен превоз заслужуваат утре да имаат нормален јавен превоз, а не да има блокади на раскрсниците низ Скопје.

„Ова не е прашање за советот на Град Скопје , ова е прашање за градоначалникот на Град Скопје и таа треба да си најде решение за овој проблем. Затоа и е избрана за да решава проблеми, а не истите да ги пренесува на граѓаните и да ја оптоварува јавноста со таа работа“, посочи Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.