Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5700 квадратни метри во Реонски Центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП. Шведска претставува најголем билатерален донатор помеѓу ЕУ земјите во нашата земја.

Денеска имав можност да се сретнам со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, со која направивме прошетка низ нашата општина и обиколка на локацијата на која овој парк ќе биде поставен. На амбасадорката ѝ ги презентирав некои од нашите врвниприоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина. Оваа заложба ја потврдуваме со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до сега беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а со наша одлука беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5700м2, објави градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.