Утрово имав можност да прошетам низ Стар Аеродром, на неколку нови, зелени локации каде со инвестиции и проекти го унапредуваме урбаното живеење, инвестираме во поубава и позелена општина и водиме грижа за потребите и барањата на граѓаните, сподели градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски додавајќи дека се радува што пролетта во Аеродром, новите инвестиции и активности, носат поубав изглед и повеќе содржини на различни локации.

Градежните активности кои ги започнавме во текот на март, продолжуваат и овој месец со изведба на нови паркови, нови зелени површини и простор за одмор и рекреација. Периодов активно се работи на новиот парк со површина од 2300 квадратни метри во Стар Аеродром, а привршува изведбата на уште три зелени површини во овој дел од општината. Две од нив се наоѓаат во непосредна близина на ООУ „Блаже Конески“, а третата веднаш до „Тобако 2“.
Овие зелени површини, значат и збогатување на маалскиот живот. Ве повикувам масовно да ги користиме, да уживаме во убавото време и бенефитите кои тие ги носат. Ние и понатаму ќе работиме на проекти кои ќе значат повеќе зеленило, поздрава животна средина и поквалитетен живот во Аеродром, сподели Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.