„Паркингот е сериозен проблем на територија на општина Аеродром исто така длабоко поврзана со овој процес на несоодветно урбанистичко планирање. И за жал јас би рекол изигрување на дел од законските норми од страна на одредени инвеститори“, нагласи Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром во гостување во утринска емисија на Канал 5 телевизија.

Муцунски додаде дека прво кај новите градби мора да се планира дека за секој стан задолжително ќе има продадено и паркинг место. А, не само тоа да стои на хартија туку тоа и физички да го има.

Бидејќи има многу нови градби паралелно општината е градена при планирање каде што веројатно секое семејство имало едно возило, а сега има повеќе возила, а ние мораме да се соочуваме со овој огромен предизвик. На делови од општината нудиме алтернатива каде што сакаме граѓаните да се изјаснат таму каде што нема зонско паркирање да обезбедиме зонско паркирање, заедно со ЈП „Градски паркинг“.

-Бидејќи тоа зонско паркирање доколку граѓаните одлучат дека е прифатливо за нив, нема за жителите на општина Аеродром никаков дополнителен трошок. Напротив тоа е сериозен товар за градскиот буџет, но Градот Скопје е подготвен да излезе во пресрет, но сепак оставаме на граѓаните на еден демократски начин да одлучат дали го сакаат тоа решение, заклучи Муцунски.

Муцунски посочи дека хаварисаните возила ќе се дислоцираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.