Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во емисијата Студио 10 на ТВ 24, вели дека се што е во интерес за граѓаните на општина Карпош во делот на инфраструктурни проекти, ќе биде поддржано од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но во однос на прашања за дупови и маркици се со цел бетонизација на општината, тогаш градоначалникот Стевчо Јакимовски не може да најде соговорник во него.

Единственото нешто што сакам да се случи во Карпош бидејќи и таму живеам, да се работи, да има повеќе проекти во делот на инфраструктурата, училиштата, градинките и се што е во функција на тоа ќе го подржиме и тука не треба да има никој грижа. Но, кога станува збор за маркици, за градби, за бетонизација на Карпош, простете но тука нема добар соговорник со мене, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.