На вчерашната деветта седница на Советот на Општина Ѓорче Петров стана сосема јасно кој се бори за интересите на граѓаните, а кој го интересира само личен интрес и политички бенефит, рече Наташа Менкиноска советничка од ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров.

Како советници во општина Ѓорче Петров кои треба да работат за доброто на сите жители ние се соочуваме со ситуација во која советниците од сите опозициски партии поради партиски причини намерно блокираат носење на важни одлуки.

Имено, Советот на општината донесе три одлуки за кофинансирање за реализација на следните општински проекти:

– Одлука за кофинансирање на проектот мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација во село Кучково.

– Одлука за кофинансирање на проектот за партнерно уредување на просторот околу локалитетот Крст во село Кучково, фаза 1 Еко училница. Овој проект се финансира со грант неповратни средства обезбедени од Светска банка при министерството за финансии и со општинско кофинансирање.

– Одлука за кофинансирање на проектот набавка на комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини. Овој проект се финансира со грант неповратсни средства обезбедени од Светска банка при министерство за финансии и со општинско кофинансирање.

Односно за сите овие проекти, општината ќе учествува со минимални финансиски средства, а останатиот дел од средствата се обезбедени од грантови и се неповратни. Општината нема да има потреба да се задолжува како што тоа беше случај во минатото.

За жал, СДСМ и Левица не се надминаа себе си и одлучија да се изземат од гласањето на овие одлуки.

Со реализацијата на овие три проекти жителите  на општината ќе добијат уредени зони за рекреација, а дополнително со набавка на новото комунално возило значително ќе се подобрат услугите и ќе се намалат трошоците за зимско одржување.

Советниците од СДСМ и Левица не можат да се помират со фактот дека новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоналникот Александар Стојкоски за само стотина дена има реализација на многу проекти.

Воедно сакаме да ги увериме граѓаните дека стабилното мнозинство во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи кочење и деструкција на ниту еден проект.

Нашата работа нема да застане тука. Покрај сите притисоци и опструкции ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде на страната на своите граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.