Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска го пушти во употреба мултифункционалното игралиште во Маџари направено на најсовремена тартан подлога.

Утрово го пуштивме во употреба мултифункционалното игралиште во Маџари изградено на најсовремена тартан подлога.
Ова е првото од вкупно седум игралишта кои ќе се изградат на територија на општина Гази Баба од кои пет ќе бидат со современа тартан подлога, а две со подлога од вештачка трева.
Инвестираме во спортската инфраструктура како никогаш досега. Проекти се реализираат насекаде низ општина Гази Баба.
Граѓаните се сведоци на новото време за нашата Гази Баба.
А ова е почетокот. Гази Баба ќе добие нов урбан и модерен лик!, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.