Залувачкиот тим на ЈП Лајка, од вчера до 14 јули започна со стратешко заловување на кучиња во општина Чаир, односно во реоните на бул. „Цветан Димов“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Ферид Бајрам“, ул. „Дижонска“, ул. „Втора Македонска Бригада“…
Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, може да се јават на телефонските броеви 02 256 5859/ 071 219 925 или да пријават на [email protected], велат од ЈП Лајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.